Тренчовски: Само да не примиме гол

Тренерот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски посакува натпревар без примен гол утре на премиерата на струмичани на европската сцена. Академија Пандев го очекува првиот натпревар против Зрињски од 1. квалификациско коло за Лигата на Европа во кој тим од БиХ ја носи фаворитската улога.

„Секако со нетрпение го очекуваме деби натпреварот за нашиот клуб во Европа. Дуелот со Зрињски е голем предизвик за нас од кој секако очекуваме позитивен резултат. Ја оставаме фаворитската улога на противникот, но знаеме и дека ако одиграме со срце и покажеме карактер можеме до победата. Нашата предност е тимската игра. Ако се прашувам јас, секој резултат без примен гол ќе биде добар за нас пред реваншот“ – истакна Тренчовски, кој вели и дека е познат составот со кој ќе истрча на утрешниот натпревар.

„Во голема мера познат е тимот за утрешниот натпревар, останаа само една или две дилеми: Темелков или Стојкоски, односно Велиновски или Миловановиќ. Се друго е познато“ – вели тренерот на Академија Пандев.

Се вчитува...