Тренери под притисок во ЛШ: Алушовски, Дејвис, Раул Гонзалес…

Се ближи почетокот на новата сезона од Лигата на Шампионите, а ЕХФ на официјалната веб-страница објави ранг-листа од десет тренери кои ќе се најдат под сериозен притисок во претстојното издание од елитното европско натпреварување. На десеттото место од оваа Топ 10 листа е најде и стратегот на Вардар, Стевче Алушовски, кого го очекува сериозен предизвик со „реновиран тим“ да се носи со ракометните европски гиганти.

„Нова ера почнува кај актуелниот шампион. Со Михајло Михајловски како нов генерален менаџер клубот успеа да ја преживее кризата. Со ангажманот на Јотиќ и Вујин, Вардар успеа да донесе искусни имиња. Навивачите во Скопје се надеваат на добри игри и новиот тренер Стевче Алушовски, легенда во својата земја, е човекот од кого се очекува да го издржи притисокот“, пишува во анализата.

На првите две места на оваа ранг-листа се двајца поранешни „вардарци“, Раул Гонзалес и Давид Дејвис. Првото место е резервирано за Гонзалес, кој веќе има една европска круна со Вардар, но врз „Ел Команданте“ се повеќе се зголемува притисокот да го повтори успехот и со ПСЖ, во спротивно следното лето би можел да добие отказ од функцијата.

Се вчитува...