Се е подготвено за старт на фудбалскиот камп на “мадридистите” во Охрид. Тренерите на Реал Мадрид Фондација пристигнаа во Македонија. Тие утре ќе се упатат кон Охрид каде од 14. до 18.јануари ќе се одржи второто издание на Real Madrid Foundation Campus Experience Macedonia.
Тренери на кампот ќе бидат Карлос Касилјас Санчез, Хуан Андрес Гонзалез и Хоакин Валерио. Вечерва имаа добредојде во ресторанот “Olive” во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА