Тренерите постари од 60 години нема да може да ги водат тимовите во НБА

Комесарот на НБА лигата Адам Силвер вели дека кога ќе продолжи сезоната на 31. јули најверојатно ќе донесат одлука тренерите постари од 60 години да не можат да ги водат своите тимови од клупата, како би ги заштитиле бидејќи се најзагрозени од коронавирусот.

„Досега научивме дека младите луѓе се најмалку подложни на вирусот, додека постарите се најзагрозени од коронавирусот. Затоа ќе мора да работиме на спроведување на протоколи и ќе мора да им забраниме на старите тренери да ги водат тимовите на натпреаварите од клупата. Веројатно ќе биде неопходно да ја почитуваат социјалната дистанца. Ќе може да бидат во соблекувалната со своите тимови, но кога ќе почне мечот нема да смеат да бидат блиску до кошаркарите. Сето ова го правиме како би ги заштитиле“, изјави Силвер. 

Доколку дојде до оваа одлука тоа значи дека Грег Попович како еден од најголемите тренери во историјата на лигата нема да смее да ги води Сан Антонио Спурс на натпреварите, а меѓу тренерите кои се во старосна граница над 60 години се наоѓаат и Мајк Дантони (Хјустон), Тери Стотс (Портланд), Рик Карлајл (Далас) и Алвин Џентри (Њу Орлеанс).

Се вчитува...