Тренерите со антички ликови: Парондо како „Крал Леонид“ против „Александар Македонски“

Четири шпански тренери ќе водат битки в сабота и в недела во „Ланксес Арена“ во Келн, а ракометниот портал „Хендбол фаст“ објави интересна сторија за овие стратези – споредувајќи ги со славни ликови од светската историја, базирајќи се на актуелните состојби во нивните клубови.

Роберто Гарсија Парондо е прикажан како „копија“ на Крал Леонид, владетелот на Спарта во периодот од 489 до 480 година ПНЕ. Во описот, Парондо како и Леонид е напуштен од поранешните пријатели (како што тоа му го стори Вуко Борозан), оставен сам на себе со големи проблеми (како девет месец без плата), но не ја загуби гордоста и достоинството, па полн со самодоверба се подготвува за последната битка.

„Вардарци“, како и „спартанците“ не знаат за зборот „капитулација“, туку храбро ќе влезат во секоја битка без разлика на противникот. И доколку загубат, тоа ќе биде пораз во борба до последната капка пот.

Интересно, ривалот на Парондо во саботниот дуел, Чави Пасквал, е спореден со Александар Македонски.

Чави како и Александар раководи со најмоќната „армија“, но во текстот се потсетува на неговиот тежок пораз на реката Хидасп, кога бил изненаден од индискиот крал Пор, кој употребил слонови во борбата крај реката Хидасп.

Оттаму и најавата, дека Пасквал мора да биде внимателен за да му се повтори историјата и поразот на Александар, бидејќи храбриот Парондо – Леонид може да извлече адут како оној на Пор.

Стратегот на Кјелце, Талант Душебајев, е претставен како Спартак, додека Давид Дејвис од Веспрем – како римскиот генерал Скипион Африканецот.

Се вчитува...