Тренерот кој и донесе злато на Германија заминува од репрезентацијата за изненадувачки клуб

Гордон Херберт, кандаскиот тернер со финско потекло последните три години ги мина на селекторското место во германската кошаркарска репрезентација носејќи и голем успех на оваа европска држава предводејќи ја до златниот медал на последното Светско првенство кое се одржа во Јапонија, Филипини и Индонезија.

И покрај големиот успех неговиот ангажман како селектор сепак завршува по престојните Олимписки игри во Париз. Херберт и германската федерација се разделуваат на пријателски начин бидејќи тренерот цели кон нов предизвик во кариерата – превземање на клуб и тоа изненадувачки.

Според информациите на добро упатениот новинар на „Баскет Њуз“, Донатас Урбонас, Херберт ќе го превземе јапонскиот клуб Чиба Џетс со повеќегодишен договор.

Како потсетување, Херберт беше блиску и до клупски ангажман во текот на оваа сезона. За неговите услуги беше заинтересен евролигашот Асвел, но гераманската федерација не дозволи „двоен ангажман“ со цел фокусирање на престојниот предизвик на Олимпијадата.

Се вчитува...