Тренерот на Абердин: Миовски е фантастичен, имаше само два тренинзи, но покажа дека е топ-напаѓач

Бојан Миовски имаше одлично деби во дресот на Абердин, откако македонскиот репрезентативец придонесе со еден гол и една асистенција во куп-победата на Рејт роверс (3-0).

Тренерот Џим Гудвин му даде шанса на нашиот интернационалец од првата минута, а по мечот не го криеше задоволството од прикажаната игра на дебито за Абердин.

„Добро е што Бојан веднаш го постигна својот прв гол, секогаш сакате напаѓачите да се во голгетерски ритам, така што денешниот погодок сигурно ќе ни биде од помош. Да не заборавиме, тој имаше само два тренинзи со екипата, но покажа дека е топ-напаѓач. Се уште не е доволно физички подготвен, на полувремето се виде дека е преморен, но го оставивме уште петнаесетина минути на теренот. Заостанува зад останатите кога станува збор за кондиција, но тоа е само поради доцнењето на работната дозвола,  не се сомневаме дека експресно ќе влезе во ритам“, изјави Гудвин.

Се вчитува...