Тренерот на Абердин: Миовски нема скршеница, чекаме да видиме што е со лигаментите

Абердин забележа над Сент Мирен со која обезбеди излез во фудблска Европа за наредната сезона, но црна дамка на овој триумф остави тешката повреда на Бојан Миовски. Македонецот настрада при еден брутален старт на гостинскиот дефанзивец Смол, веднаш беше јасно дека проблемот е сериозен откако Миовски остана да лежи во агонија и мораше на носилки да биде изнесен од теренот, додека играчот на Сент Мирен по реакција од ВАР собата доби директен црвен картон.

Тренерот на Абердин, Бери Робсон, по мечот објави дека за среќа македонскиот голгетер нема скршеница на зглобот, но дополнителни прегледи ќе утврдат колку е сериозна повредата на лигаментите на скочниот зглоб.

„Дојдоа првите резултати од прегледите, она што е јасно е дека нема скршеница, што е одлично. Сепак, повредата е во пределот на лигаментите и ќе мора да почекаме уште некој ден за да утврдиме колку навистина е сериозно. Јасно е дека Миовски нема да може да ни помогне викендов, се надевам дека се ќе биде во најдобар ред со него“, изјави Бери Робсон.

Македонија за помалку од еден месец ја очекуваат квалификациските натпревари со Украина и со Англија, средби на кои Миовски требаше да биде значаен адут на селекторот Милевски.

Се вчитува...