Тренерот на Абердин: Жива среќа има ВАР, ќе беше фудбалска трагедија да го поништеа голот на сезоната на Миовски

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Бојан Миовски продолжува со одличните партии во дресот на шкотскиот Абердин сезонава во Премиер-лигата.

Миовски беше стрелец на веројатно голот на сезоната досега во шкотскиот шампионат во победата на Абердин на гостувањето кај Мотервил од 1-2. Голот на нашиот репрезентативец беше признат, но по гледање на ВАР.

Тренерот на Абердин, Џим Годвин вели дека би била голема неправда и трагедија доколку немаше ВАР и овој прекрасен гол беше поништен.

„Жива среќа има ВАР. Навистина ќе беше голема неправда доколку голот на сезоната на Миовски беше поништен поради грешна судиска одлука“, изјави Годвин. 

 

Се вчитува...