Тренерот на Аталанта и Аргентинецот ги „закопаа воените секири“

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини и неговиот некогашен играч Папу Гомез, се смириле за време на натпреварот помеѓу Аталанта и Рома, во минатото коло на италијанското првенство. Двајцата на натпреварот се ракувале и се прегрнале, пренесуваат италијанските медиуми.

Историјата меѓу овие двајца е интересна, затоа што Гомез три години беше ѕвезда на Аталанта, играше во животна форма, беше миленик на навивачите. Со Гасперини се скара на полувремето на натпреварот со Митјиланд во Лигата на шампионите во 2020 година. Односите станаа напнати, а Гомез набрзо замина во Севилја.

Се врати во Италија, во Монца, но набрзо заработи суспензија поради допинг. Со оглед дека казната му е на 3,5 години, се чини дека неговата кариера е готова, и веќе може да се подготвува за некоја друга улога.

Се вчитува...