Тренерот на Денвер: „Јокиќ, разочаран сум од тебе…“ (ВИДЕО)

Денвер со нова феноменална партија славеше против Мајами во четвртиот натпревар од финалната серија во НБА лигата. Па, тимот од Колорадо сега има предност од 3-1 и е на само еден чекор од историски прв прстен во својата историја.

Никола Јокиќ, овој пат, не успеа да запише „трипл-дабл“ реализирајќи 23 поени, 12 скока и четиси асистенции, но повторно беше еден од најзаслужните за триумфот на тимот.

Токму затоа и тренерот Мајк Малоун се одлучи малку да се пошегува со српскиот кошаркар…

„Ви честитам на сите, но не славиме се уште. Мора да победиме уште еден меч“ – почна Малоун, и потоа почна со поединечни анализи за кошаркарите. А, кога дојде до Јокиќ:

„Никола, ме разочара затоа што не дојде до трипл-дабл вечерва. Но, добра работа заврши. Сакам да ти го дадам ова“ – дополни тренерот на Денвер и подари огромен ланец.

Тој ланец има симболична функција кај Денвер. По мечевите го добива оној играч кој, според мислењето на тренерот, бил најдобар на мечот.

Се вчитува...