Тренерот на Денвер Нагетс го победил коронавирусот

Тренерот на Денвер Нагетс, Мајк Мелоун потврди дека бил позитивен на коронавирус. Мелоун изјави дека лошо се чувствувал во периодот кога сезоната беше прекината на 11. март. Меѓутоа, не можел веднаш да се тестира.

„Дознав подоцна. Успеав да се тестирам некаде дури на 20. март. Докторот ме повика и ми кажа дека сум позитивен на коронавирус. Не бев изненаден. Сакам само да кажам дека успеав да се излечам и да преживеам“, изјави Мелоун. 

Мелоун е тренер на Денвер од 2015 година. Минатата година загуби во полуфиналето на Западната конференција, а годинава пред прекинот на сезоната Денвер беше трет на западот со скор од 43-22.

Се вчитува...