Тренерот на Динамо го имитираше Червар, па доби црвен картон (видео)

Динамо Загреб има предност од 2-0 по првото полувреме против Плзен, но хрватскиот ас на клупата во вториот дел ќе го нема својот тренер Ненад Бјелица, кој беше исклучен од страна на главниот судија.

Бјелица повлече противнички фудбалер за дресот крај аут-линијата, како што тоа пред неколку години го направи Лино Червар на ракометен натпревар на хрватската репрезентација, а судијата немаше милост и веднаш го испрати стратегот на Динамо кон трибините на „Максимир“.

 

Се вчитува...