Тренерот на Дончиќ: Лука е како Леброн, Џордан, Коби… (ВИДЕО)

Лука Дончиќ имаше клучна улога во победата на Далас над Селтикс со 110-107, откако со две тројки на 15 секунди до крајот на средбата донесе целосен пресврт за својот тим. При резултат 105-104 за Бостон, „словенското џудо од дете“ погоди за водство на својот тим, а потоа го постави и конечниот резултат со нов погодок од седум метра.

Одушевувањето од Словенецот не го криеше ни неговиот тренер, Рик Карлајл кој по средбата својот играч го стави во рангот на легендарни кошаркари како Мајкл Џордан, Леброн Џејмс и Коби Брајант.

„Тој е единствена личност и единствен играч. Лука Дончиќ, Мајкл Џордан, Леброн Џејмс, Лери Брд, Коби Брајант… тоа се играчи кои во ситуација како оваа имаат ласерска фокусираност. Тешко е да се објасни како функционира нивниот ум“ – изјави тренерот на Далас.

Се вчитува...