Тренерот на Фиорентина со тетоважа му оддаде почит на Астори

Изненадната смрт на 31-годишниот капитен на Фиорентина, Давиде Астори го зави во тага фудбалскиот свет, посебно неговите најблиски и соиграчите од клубот.

Секој на свој начин му оддава почит на Астори. Неговиот соиграч Кристијано Бираџи во сеќавање на Астори неодмна направи тетоважа со неговите иницијали и бројот на дресот (DA13).

На сличен потег се одлучил и тренерот на Фиорентина, Стефано Пиоли кој исто така направил тетоважа во чест на Давиде Астори. И Пиоли ги истетовирал иницијалите и бројот на дресот, а целиот процес е документиран на Инстаграм профилот на студиото за тетоважи во Фиренца.

Се вчитува...