Тренерот на Ивановски: Уште една слатка победа… Сите заслуги одат кај Калин

Младиот Калин Ивановски испишува убави страници во историјата на македонскиот тенис, по пласманот во  осминафиналето на јуниорскиот Вимблдон, откако во второто коло во крајно интересен натпревар славеше над Литванецот Едас Бутвилас со 2-0, по сетови 7-6 и 7-6.

Тренерот на македонскиот тенисер, Хрватот Иван Цинкуш вели дека ова е уште една слатка победа и дека сите заслуги одат кај Калин за овој одличен меч.

„Уште еден тежок меч. Второ коло на Вимблдон, Калин го победи Литванецот Бутвилас. Сите заслуги одат кон Калин за концентрацијата во важните моменти, за борбеноста. Првиот сет го доби во тај-брејк. Во вториот можеше да биде и 6-4, но Литванецот извлече неколку добри поени, но сепак во клучните моменти Калин одигра неверојатно и со неколку винери го затвори мечот и дојде до уште една слатка победа“, вели Цинкуш во изјавата за ЕКИПА.

Во третото коло Ивановски ќе се сретне со домашниот тенисер Џак Пинингтон Џоунс.

Се вчитува...