Тренерот на Јокиќ добива нов договор со кој ќе биде еден од најплатените во НБА

Тренерот на Денвер Нагетс, Мајк Мелоун ќе добие продолжување на договорот од страна на франшизата на која и ја донесе првата историска титула, пренесува доброупатениот новинар на „ЕСПН“, Адријан Војаровски.

Наградата за успехот во минатогодишното финале во кое Денвер го совлада Мајами во пет натпревари ќе биде и добро финансиски наплатена со тоа што тренерот на Никола Јокиќ ќе стане еден од најплатените во првенството, но засега не се открива точната сума.

 

Се вчитува...