Тренерот на Милан призна – Вистина е навивав за Интер

Како да не се доволни слабите резултати на почетокот на сезоната за тренерот на Милан, Марко Џампаоло тој призна дека во младоста бил голем фан на најголемиот ривал на „росонерите“, Интер.

„Реков дека е вистина дека кога имав 10 години навивав за Интер. Не сум „тројански коњ“. Нашите цели се максимални и ќе дадеме се од себе, изјави Џампаоло. 

Што ќе одлучат на крајот Бобан и Малдини останува да видиме, но вистината е дека тренерското столче на Џампаоло во Милан се повеќе се тресе.

Се вчитува...