Тренерот на Новак е голем оптимист: Ѓоковиќ е дојден по трофејот на Ролан Гарос!

Голем оптимизам владее во таборот на Новак Ѓоковиќ. Ова може да се насети врз основа на дадената изјава на Марјан Вајда, кој со години има успешна соработка со прворангираниот светски тенисер. Србинот досега на Ролан Гарос прикажа одлична игра, обезбедувајќи убедливи победи на првите три меча, за денеска да се врати од негатива од два сета за да се пласира во четвртфиналето.

Вајда истакна дека Новак е физички и психички подготвен за игра на земја, па се надева дека со оваа форма може да се обезбеди на пласман во големото финале.

“Тој се чувствува одлично физички, дури и подобро од порано. Има повеќе искуство, кое го стекна со годините доаѓајќи на Ролан Гарос. Ноле навистина игра фантастично сега. Ја најде својата игра на земја и се чувствува одлично на теренот”, изјави Марјан.

Вајда исто така истакна дека не може да ја спореди моменталната физичка подготвеност на Новак со претходните години на Гарос.

“Не можам да споредувам, неговата игра постојано се развива и се подобрува. Новак секогаш сака да биде подобар. Мислам дека веќе оваа година игра исклучително добро, и се надевам дека ќе продолжи вака. Неговиот тенис на земја, од моја перспектива, е подобар отколку во изминатите години“, рече Марјан.

Дали е подобар сега отколку во 2016 година кога ја освои титулата на Гарос?

“Имам чувство дека е подобар! Постојат повеќе варијации и решенија. Физички, технички и тактички тој е одличен оваа година и ако сè оди добро и како треба, мислам дека може да направи тоа што е негова цел, а тоа е да го освои Роланд Гарос“, заклучи Марјан Вајда.

Се вчитува...