Тренерот на Палермо: Несторовски не може сам, а Трајковски ќе биде „хит“

Новиот тренер на Палермо, Бруно Тедино, е свесен дека мора експресно да влезе во победничка серија за сицилијaнскиот клуб да атакува на експресен камбек во Серија А, но и самиот тој да се задржи на функцијата крај претседателот Маурицио Зампарини. Тедино не крие дека своите надежи ги полага во двајцата Македонци, Илија Несторовски и Александар Трајковски, од кои очекува да бидат лидери на тимот во новата сезона.

Јасно е дека Несторовски беше лидер на овој тим минатата сезона, но тој не може да игра сам против сите и да постигне 25 гола. Во завршните триесетина метри ќе мора да има помош, но и самиот да игра поразлично од досега, да ја разбива последната линија на противниците“ – истакна тренерот на Палермо, потоа упатувајќи комплименти на адреса на Трајковски.

Алекс Трајковски е неверојатно технички поткован, а има и извонредни физички предиспозиции. Тој е во категоријата на играчи кои можат да постигнат многу голови и очекувам да биде еден од играчите кои ќе важат за хит во новата сезона. Без оглед на квалитетите на овие двајца играчи, јас ќе настојувам наша главна сила да биде колективот“ – вели Тедино.

Се вчитува...