Тренерот на Парма: Знаев дека Пандев ќе блесне во второто полувреме, само повредата да не е сериозна

Тренерот на Парма, Џузепе Јакини, не го криеше задоволството од одличното второ полувреме во кое неговиот тим го демолираше Порденоне со 4-1, иако гостите по првите 45 минути имаа водство од 0-1 на „Енио Тардини“.

Горан Пандев не беше стартер, но токму со влегувањето на Македонецот на почетокот од второто полувреме Парма влезе во ритам, „Гранде Пандев“ го постигна првиот, а учествуваше и во акцијата за вториот погодок, но за жал нешто подоцна заработи повреда и мораше да биде заменет.

„Како тренер морам да ги планирам и првото и второто полувреме. Пандев неодамна дојде во клубот, тој и самиот е свесен дека се уште не може да биде стартер, но знаев дека ќе блесне кога ќе влезе во вториот дел. Се надевам дека повредата не е сериозна, бидејќи Горан влегуваше во ритам, стануваше се поподготвен за да може да биде и во стартниот тим“, изјави Јакини.

Се вчитува...