Тренерот на Порто: Гвардиола ме разочара, ја покажа својата најцрна страна…

И тоа како напнато беше на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Манчестер сити и Порто, посебно меѓу двајцата тренери Пеп Гвардиола и Серџо Консеисао кои во неколку наврати се впуштија во вербален конфликт.

Консеисао по мечот истакна дека Гвардиола срамно ги навредувал Португалците за време на натпреварот поради што чувствува потреба да му одговори.

„Чувствувам потреба да му одговорам поради начинот на кој им се обраќаше на моите играчи и на судиите. Зборуваше за нашата земја и тоа ниту најмалку пријатно. Однесувањето на Гвардиола и клупата на Манчестер сити воопшто не беше пријатно, ниту достоинствено, ниту цивилизирано. Гвардиола ме разочара, покажувајќи ја страшно темната страна од својот карактер“ – вели Консеисао.

Се вчитува...