Тренерот на Рајо објасни зошто Димитриевски не беше на голот денеска

Неочекувано, Столе Димитриевски беше на клупата на Рајо на денешниот дуел со Бетис (1-1). На голот застана Лука Зидан, а навивачите се прашуваа што се случува со Македонецот, и дали ова значи дека го има загубено местото број 1 меѓу диреците. Чудно беше тоа што Димитриевски не беше ниту на клупата.

Секако, после мечот тренерот Ираола објасни зошто Димитриевски не беше во комбинација.

„Димитриевски, како и Хернандез и Лопез беа повредени. Тие не играа поради повреда денеска“, објасни Ираола.

Тој кажа дека е задоволен од играта на својот тим, и дека било многу тешко да се игра 11 против 10 (Рајо остана без играч поради црвен картон). Но и натаму продолжува битката за четвртото место и сензационален пласман во ЛШ следната сезона. А, Столе е еден од најдобрите голмани во Ла Лига.

Се вчитува...