Тренерот на Севилја, Хозе Луис Мендилибар беше многу лут по поразот од Манчестер Сити во Суперкупот на Европа.
„Граѓаните“ славеа по подоброто изведување на пенали со 5-4, а трагичар беше Немања Гудељ, кој беше единствениот што промаши.
Пред пенал рулетот Мендилибар го испрати Сусо на терен наместо Ерик Ламела, но резервистот немаше храброст да го изведе пеналот.
„Згрешив што го извадив Ерик Ламела. Да останеше до крај, ќе шутираше во пенал серијата. Згрешив, бидејќи мислев дека тој што влезе може да биде во подобра ситуација да го изведе пеналот, но не беше така“, рече Мендилибар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА