Тренерот на Шалке: Чурлинов е луд во позитивна смисла, секогаш гори од желба да игра

Откако се смени тренерот на Шалке, на тимот од Гелзенкирхен му тргна на подобро. „Сините“ се искачија на првото место на табелата, наметнувајќи се како сериозен кандидат за враќање во германската елита.

Дарко Чурлинов, членот на овој тим ги игра последните натпревари за тимот, со оглед дека на лето се враќа во Штутгарт. Тој не беше на минатиот натпревар во комбинација поради повреда, но тренерот на тимот Мајк Бискенс напомена дека Македонецот се враќа во тимот за следниот меч.

„Имаше проблеми со бутот, но ништо страшно. Дефинитивно сметам на него следниот меч“, рече Бискенс.

Тој го нарече Чурлинов „позитивно луд“ и напомена дека фудбалерот има квалитет да му помогне на тимот да дојде до првата позиција и да се врати во „елитата“.

„Чурлинов има квалитет да му помогне на тимот, благодарение на брзината и дриблингот кои се негова силна страна. Дарко е луд во позитивна смисла. Сака да продолжи по овој пат и гори од желба да игра“, вели тренерот на тимот од Гелзенкирхен.

Се вчитува...