Тренерот на Шалке му се извини на Чурлинов за замената по само 18 минути игра

Тренерот на Шалке 04, Димитриос Грамозис му се извини на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов за ексрпесната замена по само 18 минути на вчерашниот натпревар против Регенсбург на кој тимот од Гелзенкирхен триумфираше со 2-1 по превсрт и тоа откако во игра влезе Чурлинов.

Македонскиот фудбалер во игра влезе во 62. минута при негатива од 0-1, а за само десеттина минути до 73. минута Шалке 04 стигна до 2-1. Иако Чурлинов беше еден од најзаслужните за пресвртот, сепак во 80. минута беше заменет.

„Сакам да му се извинам на Чурлинов. Знам колку лошо е експресно да бидете заменети откако ќе влезете во игра, знам и дека влијаеше на нашата игра за да дојдеме до пресврт, но сето тоа беше само со една цел – тимскиот успех“ – изјави Грамозис.

Шалке со 37 бода моментално е на четвртата позиција на табелата, но само два бода зад лидерот Дармштад во трката за враќање во Бундеслигата по испаѓањето минатата сезона.

Се вчитува...