Тренерот на Шкупи, поранешниот турски фудбалски репрезентативец Умит Каран е осуден на затворска казна од една година и осум месеци за сексуално злоставување. Пресудата е соопштена денеска, во неа стои дека делото кое го извршил Каран е „секусален напад на ниво на злоставување“.
Локален суд го ослободил Каран од обвинението, но по жалба на обвинителството, повисока судска инстанца му пресуди затворска казна.
„Јас и служев на мојата земја. Никому не сум направил лошо. Јас сум „кемалист“. Не сум сторил ништо“ – изјави Каран во судот.
Обвинението се одесува на инцидент кој се случил 2015 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА