Тренерот на Тим е позитивен, Австриецот со својот татко патува во Австралија

Коронавирусот зема се поголем замав во спортот. „Жртва“ на овој вирус е Николас Масу, тренерот на Доминик Тим, кој е позитивен на КОВИД-19 и нема да биде со третиот тенисер во светот на Австралија опен. Во Аделаида, каде што Тим ќе биде ставен во карантин, неговиот татко Волфганг ќе работи со него.

Сите во тимот се надеваат дека Масу ќе може да се приклучи на тимот кога ќе биде негативен.

„Тој ќе направи тест во следните неколку дена. Штом биде негативен, ќе дојде во Австралија “, рече таткото на Доминик, Волфганг Тим.

Сепак, се поставува прашањето колку е реална оваа надеж, бидејќи организираниот превоз и авионски лет во Австралија е резервиран од 15. до 17. јануари. Слична судбина го снајде и Карлос Моја, тренерот на Рафаел Надал, кој исто така нема да биде во Мелбурн.

Се вчитува...