Тренерот на ТНС пред гостувањето во Скопје: Шкендија е многу силен тим

Првакот на Велс, тимот на ТНС, е првата пречка на македонскиот шампион Шкендија во квалификациите за Лигата на шампионите. Првиот меч ќе се одигра во вторник (10 јули) на арената „Филип Втори“ во Скопје, а тренерот на велшкиот тим, Скот Раско, улогата на фаворит и ја препушта на Шкендија.

„Шкендија е многу силен тим, можеби еден од најтешките можни ривали што можевме да ги добиеме во ждребот. Но, се подготвивме добро и очекувам да дадеме силен отпор. Го анализиравме противникот, ги увидовме нивните добри и лоши страни, и ќе се обидеме тоа да го искористиме. Одредена наша предност е и тоа што реваншот ќе го играме пред нашата публика“, вели тренерот на ТНС.

Велшкиот тим во понеделник ќе допатува во Скопје и ќе го одржи официјалниот тренинг на нашиот најголем стадион. Мечот е закажан за вторник, со почеток во 20.15 часот. Главен судија на мечот ќе биде Кипранецот Тимотеос Кристофи.

 

Се вчитува...