Тренерот што победува не се менува: Ефес го чува Атаман

Пласманот на Анадолу Ефес на фајналфор турнирот од Евролигата придонесе експресно да бидат финиширани и преговорите за нов договор со тренерот Ергин Атаман.

Турскиот стручњак важи за најзаслужен за одличните резултати на екипата во последните две сезони, преговорите за продолжување на соработката траеја подолго време, но по победата во мајсторката со Реал Мадрид челниците ги прифатија условите што ги бараше Атаман и беше потпишан двогодишен договор за соработка.

Ергин Атаман се врати назад во Анадолу Ефес во 2017 година и го предводеше тимот до титулата во турското првенство во 2019 година. Ефес лани беше и лидер во Евролигата до моментот на прекин на сезоната, а сега обезбеди пласман на фајналфор турнирот во Келн, каде во полуфиналето ќе се сретне со ЦСКА Москва.

Се вчитува...