Тренерот Стојанов пред заминување од Вардар?

Дејан Стојанов најверојатно нема да го предводи Вардар во одбојкарскиот шампионат на Македонија, откако долгогодишниот стратег на „црвено-црните“ влегол во конфликт со управата на клубот и би требало да напушти овој тим непосредно пред стартот на новата сезона.

Стојанов со години наназад беше предводник од клупата на „вардарци“, но на еден ден до почетокот на Првата лига дошло до несогласување меѓу него и водечките луѓе во клубот, по што многу извесно е дека „црвено-црните“ со нов стратег ќе влезат во новата сезона.

Вардар утре треба да ја стартува новата одбојкарска сезона, а во рамките од првото коло „црвено-црните“ ќе му гостуваат на тимот на Штип.

Се вчитува...