Партизан потврди: Мирковиќ е наследникот на Ѓукиќ

Белградски партизан и официјално објави дека е сменет тренерот Мирослав Ѓукиќ и дека на таа функција ќе го замени Зоран Мирковиќ.

Позицијата на Ѓукиќ беше нестабилна уште на почетокот на минатата сезона, но добрите резултати во Лига Европа и пласманот во нокаут-фазата од ова натпреварување, тогаш го спасија од отказ.

Смената сепак, се случи откако Партизан имаше лош старт во новата сезона. „Црно-белите“ загубија од Радник во супер лигата и одиграа разочарувачки во квалифиакциите за Лига Европа, иако обебзедија пласман во 3.квалификациско коло.

Мирослав Ѓукиќ не е веќе тренер на Партизан. Клубот му се заблагодарува на се што направи досега за нас, како што му е и тој благодарен на Партизан. Се разделуваме во добри односи. Сега веќе поранешниот тренер не бара никакво обесштетување од клубот, а целиот долг кон него ќе му биде исплатен во наредните две години“ – потврди генералниот директор на Партизан, Милош Вазура за српските медиуми, потврдувајќи и дека клубот се договорил со Зоран Мирковиќ да ја преземе тренерската функција.

Според медиумските шпекулации, Партизан на Ѓукиќ треба да му исплати 250.000 од 400.000 колку што му следуваше до истекот на договорот со клубот.

Се вчитува...