Сезоната во Серија А официјално заврши доцна синоќа, а дел од клубовите денеска повлекуваат и конкретни потези при планирањето за 2026/27.
Лацио и дефинитивно се разделува од Маурицио Сари откако искусниот стручњак неколку пати сезонава влегуваше во конфликт со управата и со првиот човек Лотито. Римскиот клуб солидно ја заврши сезоната, но Лотито не му прости на Сари и соработката заврши со последниот овосезонски меч. На негово место доаѓа легендарниот Џенаро Гатузо, кој се враќа во италијанскиот фудбал откако доби отказ од селекторската функција. Гатузо денеска потпиша двогодишен договор со римскиот клуб и повторно ќе биде дел од Серија А откако извесно време го водеше тимот на Хајдук.
Сари нема да остане без работа откако екс-тренерот на Јувентус и Наполи веднаш си најде нов ангажман, како предводник на Аталанта. Челниците на клубот од Бергамо не беа задоволни од резултатите на Паладино кој доби отказ, а на негово место веќе го договорија доаѓањето на Сари, кој ќе треба да го врати тимот по патеките по кои одеше под водство на Гасперини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
