Тренерска „вртелешка“: Тудор повторно би можел да го води Олимпик Марсеј

Хрватскиот тренер Игор Тудор, е најсериозен кандидат да го замени Марселињо Гарсија на клупата на Олимпик Марсеј, и тоа после само неколку месеци откако го раскина договорот со овој клуб. И покрај неговото заминување, Хрватот повторно се наметнува како сериозен кандидат за клупата на тимот од Марсеј.

Исто така еден од фаворитите се споменува и Кристоф Галтие, кој доби отказ од ПСЖ, а исто така во „игра“ е и прославениот холандски репрезентативец Руд Ван Нистелрој.

Марсеј до Тудор имаше скор од 27 победи, 14 нерешени средби и 7 порази. Меѓутоа изненадувачки најави разделба дсо клубот и непродолжување на договорот.

Олимпик Марсеј се соочи со проблеми, а тоа се одразува и на резултатите. Екипата изминатиот викенд загуби од ПСЖ со убедливи 4-0 на „Паркот на Принцовите“.

Се вчитува...