Тренески од Њу Старс на радарот на словенечки Марибор

Фудбалскиот клуб Њу Старс продолжува со промоцијата на младите талентирани фудбалери кои активно се докажуваат и на интернационалната сцена.

Еден од најдобрите фудбалери на тимот, 17-годишниот Марко Тренески е издвоен на радарот на Марибор, деновиве минувајќи на проба во еден од најдобрите словенечки клубови.

По периодот на тренажен процес во редовите на Марибор, ќе биде и дефинитивно познато дали Тренески ќе ја продолжи кариерата во словенечкиот прволигаш.

ФК Њу Старс е препознатлив по постојаната продукција на млади талентирани фудбалери кои изминатиов период интензивно се во фокусот и на бројни европски клубови.

Се вчитува...