Треневски: Да одговориме и на предизвикот наречен „Силекс“

Работнички утре (14 часот) го пречекува Силекс во најинтересниот натпревар од 23.коло во Првата фудбалска лига. По триумфот над Пелистер во Охрид, „романтичарите“ се надеваат дека можат да освојат три бода против уште еден директен ривал за излез на европска сцена. Тренерот Виктор Треневски очекува неговиот тим да одговори и на новиот предизвик.

„Ова е многу специфичен меч, на кој очекувам тимот да одговори на предизвикот. Нема да влијае тука ниту традицијата, туку едноставно желбата да се стигне до бодовите. Треба да одиграме на високо ниво, како и претходниот меч со Пелистер во Охрид, и во таков случај можеме да се надеваме на позитивен исход. Секако, играме на домашен терен, ќе се обидеме тоа да го искористиме,  но исто така и имаме максимален респект за противникот“, изјави Виктор Треневски за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...