Треневски јa „прошета“ Словенија како играч, сега се врати како тренер

Виктор Треневски има нов тренерски ангажман, овојпат во Словенија, откако поранешниот македонски репрезентативец ја прифати понудата на Драва за да го води овој тим до крајот на сезонава. Треневски во текот на играчката кариера смени бројни клубови во Словенија (Мура, Копер, Олимпија, Драва, Нафта и Малечник), а сегa го прифати предизвикот да седне на клупата на второлигашот Драва Птуј, кој се наоѓа на средината од табелата во овој ранг на натпреварување.

„Кога дојдов во Словенија како играч сите мислеа дека се ближам до крајот на кариерата, а минав десет години настапувајќи за неколку различни екипи. Да бидам искрен, кога ја добив понудата бев изненаден, првото нешто што го прашав беше каква боја им се дресовите. Не знам многу за словенечкото првенство, но мотивиран сум на почетокот на овој нов тренерски ангажман“, изјави Треневски за словенечките медиуми.

Виктор Треневски во сезоната 2016/17 го водеше македонскиот прволигаш Работнички, по што се пресели во Црна Гора, каде беше тренер на екипите на Дечич и на Ком.

Се вчитува...