Треневски: Поразот оди на моја душа, ни недостигаше искуство

Работнички се врати на арената „Филип Втори“, ама им се врати и на поразите во овој шампионат. „Романтичарите“ загубија од Академија Пандев со 1-2, иако уште на стартот поведоа со 1-0.

Тренерот Виктор Треневски вели дека поразот оди на негова душа, им даде шанса на неколку млади фудбалери, и вели дека искуството на тимот на Академија Пандев било пресудно, иако се работи за нов прволигаш.

„Штета, жал ми е за младите фудбалери, имавме игра, имавме водство, а потоа Академија Пандев го сврте резултатот. Имавме две стативи, не искористивме пенал…Поразот оди на моја душа, јас ќе ја преземам одговорноста, ќе седнеме со претседателот, но навистина е греота да загубиш ваков натпревар. Академија Пандев сепак го имаше искуството на своја страна, иако е нов прволигаш. Во своите редови има неколку искусни фудбалери“, изјави Виктор Треневски по третиот пораз на Работнички оваа сезона.

Се вчитува...