Треневски: Штета што немаше публика, па да биде вистинско дерби

Работнички загуби од Вардар со 2-0 во соседското дерби, но и покрај тоа тренерот на „романтичарите“, Виктор Треневски, е задоволен од прикажаната игра на својот тим. Вели дека неговиот тим се опуштил, како резултат на победите на изминатите натпревари.

„Добар, интересен натпревар, штета што немаше повеќе публика, па да биде вистинско дерби. Вардар играше грчевито, бараа резултат, додека ние во мечот влеговме растоварено, да не речам опуштено. Опуштањето е резултат на претходните победи, па можеби затоа и не делувавме концентрирано, посебно во завршницата. Пофалби за судењето, одлично дерби, се играше добар фудбал. Честитки за тимот на Вардар, нам ни преостанува да се подготвуваме за натпреварот в среда против уште еден квалитетен противник, екипата на Шкендија“ – изјави Треневски.

Се вчитува...