Тренинг-магија на Кристијано Роналдо (видео)

Кристијано Роналдо повторно е напаст за голманите ширум Европа, а покрај бројните голови по трансферот во Јувентус тој продолжува да ги импресионира новите соиграчи и на тренинзите на „старата дама“.

Доказ за тоа е и најновото ремек-дело на Португалецот на последниот тренинг пред вечерашниот меч со Валенсија. Не е доволно што аголот е невозможен, неколку метри зад голот, па Кристијано згора на тоа шутираше со левата нога… но мајсторот си е мајстор, па и од таква позиција ја смести топката во мрежата.

Се вчитува...