Јувентус е во потрага по нова „деветка“ по заминувањето на Душан Влаховиќ, а за раководството на „старата дама“ нема дилема – тоа треба да биде Рандал Коло Муани.
Французинот мина шест месеци пред една сезона блескајќи во црно-белиот дрес, но Јуве и покрај долгите преговори не успеа во намерата да го откупи договорот со ПСЖ. Коло Муани на крајот заврши на позајмица во Тотенхем, но не се прослави во Премиер-лигата, па летово се врати назад во Париз каде тренерот Луис Енрике му соопшти дека не смета на неговите услуги и го испрати да тренира со младинскиот тим на „светците“.
Јасно е дека за Коло Муани нема иднина во ПСЖ, што беше доволен знак за Јувентус да тргне во завршна офанзива. Последните информации говорат дека Јуве понудил 35 милиони евра загарантирана сума, плус десет милиони преку неколку клаузули, понуда што италијанскиот гигант ја смета за доволна за да го убеди франуцскиот клуб на целосен договор.
Се најавува дека Јуве по комплетирањето на трансферот на Коло Муани ќе тргне по уште еден напаѓач летово, а приоритет му се дава на американскиот голгетер Балогун од Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
