Дефанзивецот Трент Александер-Арнолд и во следните четири години ќе биде дел од Ливерпул откако „црвните“ денеска постигнаа нов договор со Англичанецот. 22-годишниот бек за Ливерпул дебитираше во 2016 година, а оттогаш одигра 179 натпревари на кои забележа 10 голови и 44 асистенции.
„Ливерпул е единствениот клуб за кој знам. Да бидеш дел од ова семејство е фантастично. Затоа и сум многу горд што потпишав нов договор. Довербата која ми ја пружија менаџерот и клубот ме направија пресреќен“, изјави Алекснадер-Арнолд.
Signed and sealed. Red born and bred 2025 🤝🔴 pic.twitter.com/7d8fLMv8Hc
— Trent Alexander-Arnold (@TrentAA) July 30, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА