Тренто потврди: Андреј Јакимовски го напушта нашиот клуб!

Италијанскиот, Тренто објави дека македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски ја искористил опцијата да се откаже од договорот потпишан во летото 2025 година, кој ќе го врзеше со клубот и за сезоната 2026-2027. Тоа значи дека еден од најдобриот наши кошаркари во моментов наскоро ќе има нова средина.

За време на неговиот престој во Тренто, Јакимовски одигра 55 официјални натпревари, со просек од 9,2 поени и 4,9 скока, со шут од 52,2% за два поени и 32,3% за три поени. Меѓу неговите најистакнати настапи во сезоната беше против Бург во Еврокупот, кога одигра извонреден меч со 30 поени (10 од 15 од поле), 7 скока, 3 асистенции и 10 извлечени фаули, запишувајќи рејтинг од 43, рекорд на сите времиња во историјата на клубот.

„Клубот сака да му се заблагодари на Андреј за неговата посветеност, професионализам и придонес во текот на сезоната во црно-белиот дрес, посакувајќи му се најдобро во личната и професионалната кариера“, стои во соопштението на Тренто. 

Се вчитува...