Трет трансфер по големина во историјата: Леао за неверојатна сума во Саудиска Арабија!?

Се подготвува ли третиот трансфер по големина во историјата на фудбалската игра? Саудискиот Ал-Хилал веќе сака да ја купи ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, и за тоа, како што пренесуваат португалските медиуми, нема да штеди пари.

Од Ал Хилал планираат да ја платат отштетната клаузула која изнесува 175 милиони евра и потоа да дополнат со нови средства низ директен договор со фудбалерот на „росонерите“. Доколку трансферот се реализира, тој ќе биде третиот најголем во историјата по оној на Нејмар кој за 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ и на Килијан Мбапе за кого ПСЖ на Монако му плати 180 милиони евра.

Според најавите, за Рафаел Леао се подготвува сума која не би ја заработил ниту за пет сезони во Серија А. Како што е познато, Ал-Хилал досега ги ангажираше и Митровиќ, Нејмар, Рубен Невеш и Милинковиќ-Савиќ.

Се вчитува...