Џенова ја нанижа третата победа во низа во Серија А, откако вечерва на домашен терен го совлада Интер со 2-0. Македонскиот интернационалец Горан Пандев повторно беше главен лик во тимот на Џенова, постигнувајќи го вториот гол за својата екипа.
Првиот погодок беше неверојатен автогол во копродукција на Шкрињар и на Ранокија. Првиот сакаше да расчисти, го погоди во ногата Ранокија, а топката со експресна брзина заврши во мрежата на „нероаѕурите“. Потоа на сцена стапи Пандев и во 59.минута успеа да го совлада Хандановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА