Трета среќа за Реал Мадрид, Азар се врати на тренинг

На Европското фудбалско првенство против Португалија, Еден Азар заработи уште една во серијата бројни повреди, кои ги здоби по доаѓањето во Реал Мадрид од Челси. Белгиецот никако не може да излезе од маѓепсаниот малерозен круг.

Сепак, денес пристигна вест од Мадрид дека Азар успешно го одработил првиот тренинг, како и дека има добри резултати на тестовите за фитнес. Французинот се надева дека ќе биде подготвен за првиот натпревар од Ла Лига со Алвеш, кој ќе се одигра на 14 август.

Азар пристигна во Реал Мадрид во 2019 година за 115 милиони евра. За две сезони во клубот, тој забележа само 43 натпревари и запиша пет гола и осум асистенции. Не може да се каже и дека е далеко од оној Азар во Премиер лигата, бидејќи реално немаше преголеми шанси да игра континуирано, со оглед на тоа што постојано беше повреден. Сепак, челниците на Реал се надеваат дека третата сезона ќе биде трета среќа за Азар, барем тоа е она што очајно им треба на „кралевите“, имајќи предвид дека ова лето, барем досега, тимот од Мадрид немаше засилувања.

 

 

 

Се вчитува...