Третиот дел од сагата Фјури-Вајлдер на „Boxing Day“ во Австралија

Третиот и последен дел од трилогијата меѓу Тајсон Фјури и Деонтеј Вајлдер би можел да се случи во Австралија на „Boxing Day“. 26 декември  на „Банквест стадионот“ во Сиднеј. Ова е опцијата која е понудена за борбата која секако мора да се случи во текот на оваа година, според плановите во ноември или во декември и мора да биде пред публика. Коронавирусот ги поремети плановите за одржување на борбата.

Според тоа како стојат работите со пандемијата на коронавирусот, Австралија е една од најбезбедните земији. Точниот термин може да биде флексибилен вели австралискиот промотор Дин Лонегран за да одговара и за гледачите во САД и во Европа. Лонегран веќе има соработувано со промоторот на Фјури, Боб Арум и можноста за договор е голема.

Фјури и Валјдер според потпишаниот договор треба да се сретнат уште еднаш во борба за појасот во ВБЦ верзијата во тешка категорија. Претходниот меч го доби Британецот. Ако победи и во третиот меч ќе чека пресметка со Ентони Џошуа кој пак ќе треба да се справи со Кубрат Пулев и да оди на дуелот „за Британија“ и за обединување на сите појаси во тешка категорија.

Се вчитува...