Трето место на Ф4 во СЕХА како утеха за Брест

ЕКИПА во Брест,

Катерина Павлова Николовска

Домаќинот на Ф4 турнирот Мешков првпат го освојува третото место во СЕХА лигата откако во дуелот за бронзата го победи дебитантот Нексе со 24-19. Претходно, Брест има два финални пораза, ова за белоруската екипа е третиот најдобар резултат од сите учества во регионалното напреварување.

Во пресметката со Нексе, Брест беше во континуирано водство, го доби воведното полувреме со 12-8, а во вториот дел продолжи со уште подобро темпо, ја зголемуваше позитивата и ја оствари победата од пет голови разлика.

Максим Баранау со пет гола беше прв стрелец во пообедата на Мешков, Марин Шипиќ и Халил Јагањац со по пет погодоци беа најефикасни кај Нексе.

Дуелот за бронзата беше најава за мечот на денот, финалето во „Викторија Арена“ во кое за титулата ќе се борат старите ривали, бранителот на трофејот, македонскиот шампион Вардар и хрватскиот првак, Загреб.

Се вчитува...