Трето полувреме во Мадрид – во главна улога Црногорец и Хрват (ВИДЕО)

Манчестер Сити се пласираше во полуфиналето од Лигата на Шампионите благодарение на предноста стекната во првиот натпревар против Атлетико Мадрид одигран во Англија и за противник во следната фаза ќе го има Реал Мадрид.

Натпреварот на „Ванда Метраполитано“ заврши без гол во противничката мрежа, но го одбележа тензична атмосфера проследена со неспортски прекршоци, а тензиите не се смирија ниту по последниот свиреж на судијата.

Имено, на социјалните мрежи се појави видео од „третото полувреме“ во тунелот каде Црногорецот Стефан Савиќ продолжи со вербална расправија со Џек Грилиш, а нему се се приклучи и хрватскиот репрезентативец Шиме Вршаљко кој во целост ги изгуби живците.

Хрватот во неколку наврати се обиде да ги нападне играчите на Сити, по нив фрлаше со шишиња, а дури тројца соиграчите и луѓе од Атлетико се обидуваа да го смират. Не помогна ни тоа бидејќи спречувањето на физичка пресметка заврши со плукање кон играчите на англискиот тим.

Се вчитува...