Трезеге го реши Палас, Астон Вила се уште има шанси за опстанок

Астон Вила ја забележа првата победа по паузата поради коронавирусот, славејќи на домашен терен против Кристал Палас со 2-0 и задржувајќи ги минималните шанси за опстанок во Премиер-лигата.

Вила имаше и многу среќа бидејќи Палас прв поведе по само осум минути игра, но ВАР со чудна одлука го поништи голот на Сакхо поради играње со рака иако од повторените снимки се чинеше дека дефанзивецот на гостите играше со рамо. Потоа на сцена стапи Египќанецот Трезеге, кој пред крајот на првото полувреме го донесе тимот на Астон Вила во водство, а потоа во вториот дел стави и печат на победата.

Астон Вила по денешната победа останува на 18. место кое значи преселба во Чемпионшип-дивизијата. Вила на три кола до крајот заостанува четири бода зад Ватфорд и Вест Хем, кои во следната рунда ќе играат еден против друг, додека Астон Вила на „Гудисон Парк“ ќе му гостува на Евертон.

 

Се вчитува...